Советот на Европската унија денеска усвои Фонд за фер транзиција, вреден 17,5 милијарди евра, чија цел е “да се направи зелена транзиција, фер и инклузивна”.
Фондот ќе вклучи 7,5 милијарди евра на располагање за буџетски обврски за периодот 2021-2027 година и 10 милијарди евра од инструментот за обнова 2021-2023 година.
“Фондот за фер транзиција ќе финансира проекти кои ќе ги ублажат социо-економските трошоци на заедниците на ЕУ кои се во голема мера зависни од фосилни горива или индустрии и треба да ја диверзифицираат локалната економија”, се вели во соопштението на Советот.
Фондот е насочен кон мали и средни претпријатија, вклучително и старт-ап и формирање нови компании.
Фото: Pixabay