Бекам стана косопственик на компанија која олдтајмерите ги претвора во е- автомобили

168

Фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам стана инвеститор во автомобилска компанија којашто обновува стари класици и ги претвора во електрични автомобили.

Поранешниот фудбалер на Англија зеде 10% од акциите на британската компанија Lunaz. Британската компанија преку својот бренд Lunaz Design произведе  целосно електричен спортски автомобил од марките Range Rover, Bentley, Rolls-Royce и Jaguar.

Lunaz започна со производство на своите први автомобили во 2019 година, а седиштето на компанијата е во Силверстоун.

“Lunaz претставува најдобро од британската генијалност и во технологијата и во дизајнот. Компанијата ме привлече со нивната работа за реновирање на некои од најубавите класични автомобили преку забрзување и електрификација “, истакан Бекам.

Фото: Facebook