Модната куќа Balensiaga и Crocs претставија соработка за модната колекција за следната пролет и привлекоа големо внимание на социјалните мрежи.
Креативниот директор на Balensiaga, Демна Гвасалиja, ja претстави соработката со брендот за обувки што е синоним за не баш толку убави летни влечки, а фокусот е ставен на три модели – кломпи на потпетици во две бои и гумени чизми за на дожд.
Гвасалија за првпат се здружи со Crocs во 2018 година. Обувките од таа колекција се продавале за 850 долари и веднаш биле распродадени, а цената за новите модели не е позната, но се претпоставува дека ќе биде околу 1.000 долари.
Фото: Twitter