Старт – ап за онлајн плаќања вреди над 17 милијарди долари

89
Person using tablet

Акциите на стартапот Marqeta, што овозможува плаќања за клиенти како што се Uber Technologies и DoorDash, се зголемија за повеќе од 20% на нивното деби на Nasdaq, со што пазарната капитализација достигна 17,2 милијарди долари, пренесува Ројтерс.

Финтек стартапот имаше вредност од 32,50 долари по акција, додека за време на иницијалната јавна понуда, хартијата од вредност чинеше 27 долари.

Американскиот старт – ап продаде 45,45 милиони акции, достигнувајќи вкупно имот од 1,2 милијарди долари, а меѓу инвеститорите се најдоа Uber, Goldman Sachs и Visa.

Компаниите што нудат виртуелни трансакции во услови на пандемија забележаа добри резултати.

Marqeta е основана во 2010 година во Калифорнија.

Фото: Freepik