Хрватска: Продажба на напуштени куќи за една куна

Леград, место во северна Хрватска, беше тешко погоден од депопулација на руралните подрачја, па продава напуштени куќи за една куна (0,13 евра). Целта е да привлечат нови жители, кои треба да исполнат одредени услови.

Леград, којшто порано бил второ најгусто населено место во Хрватска, постојано губи од населението, уште од времето на распаѓањето на Австро – Унгарија, пренесува Ројтерс.

“Се претворивме во погранично место со малку сообраќај кон другите места. Бројот на жители постојано се намалува“, рекол градоначалникот, Иван Саболиќ.

Окружен со зелени полиња и шума, градот е во близина на Унгарија и има околу 2.250 жители, што е двојно помалку одошто пред 70 години.

Во првиот обид биле ставени на продажба 19 празни куќи и напуштени градилишта по цена од една куна (0,13 евра) и досега се продадени 17 недвижнини.

Општината најавува дека ќе плати околу 3.300 евра за неопходното реновирање, а новите жители кои ќе сакаат да купат приватни куќи, градот ќе им помогне со 20% од купопродажната цена или до 4.600 евра.

Фото: Pexels