Главниот извршен директор на Tesla, Илон Маск на Twitter напиша дека неговите возила ќе може да се купуваат со биткоини само доколку “рударите“ користат обновливи извори на енергија за нивно “копање“.
“Кога ќе се потврди разумна употреба на околу 50% чиста енергија од страна на рударите, Tesla ќе продолжи да овозможува биткоин трансакции“, напишал Маск.
Биткоинот во неделата, како што пренесува Ројтерс, ја зголеми вредноста за 5,1% на 37.360,63 долари, што е за 1.817,87 повеќе од претходниот ден.
Милијардерот рекол дека верува во перспективата на криптовалутите, но само кога ќе имаат пониски трошоци и помало влијание врз животната средина.
Во март компанијата купи биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари и најави дека ќе ги прифати како средство за продажба на автомобилите, но потоа се откажа од идејата поради високите трошоци за рударење на биткоините.
Фото: Tesla