Часовниците на Apple ќе мерат шеќер во крв и телесна температура

71

Технолошкиот гигант Apple развива нови модели на часовници кои меѓу другото ќе имаат сензори што ќе мерат телесна температура и шеќер во крвта на корисникот.

Компанијата од Купертино планира да ја освежи линијата на паметни часовници оваа година, модел којшто најверојатно ќе го носи името Apple Watch Series 7, а ќе има побрз процесор, подобра безжична поврзаност, пренесува Bloomberg.

Apple и претходно планираше да ги воведе овие опции, но најверојатно тоа ќе се случи за следната година.

Мерењето на температура може да биде достапно од моделот Series 8, којшто Apple би требало да го претстави во септември следната година, додека на опцијата за мерење гликоза би требало да се почека уште една година.

Фото: Freepik