Гигaнтот одлучи: Компании од БиХ сега можат да продаваат на Amazon

Компаниите од Босна и Херцеговина можат да продаваат на Аmazon, одлучи компанијата, која е синоним за интернет трговија, пренесува Biznisinfo.ba.

Како што се наведува, компанијата Аmazon пред две недели го ревидираше списокот на дозволени земји за регистрација на продавачи, во кој сега е и БиХ, а таа вест ја сподели на социјалните мрежи професорката на Економскиот факултет во Сараево, Азра Заимовиќ.

Како што објасни таа, со проширување на списокот, продавачи од вкупно 188 земји можат да понудат производи во најголемата онлајн продавница во светот. Компанијата, која ја зголеми својата пазарна вредност за 70% во кризата, сега додава дури 85 земји на списокот. Санкционираните земји како Куба и Северна Кореја останаа надвор од оваа листа.

Продавачите од БиХ порано можеа да продаваат на Amazon со основање на нивната компанија во земја којашто се наоѓа на списокот, што создаде дополнителни трошоци и значително го попречуваше пристапот до пазарот.

Фото: Facebook