Кои се најбогати земји во светот, кога станува збор за БДП по глава на жител? Податоците од веб страницата на Visual Capitalist покажуваат дека на врвот се наоѓаат европски земји, а тука се и САД, Сингапур, Катар, Австралија… Австрија и Германија се исто така на списокот.
Кога станува збор за најсиромашните, дури шест африкански земји се меѓу првите 10. На графиконите подолу се прикажани 20 најбогати и 20 најсиромашни земји.
Кои се 20 најбогати земји
Дури шест европски земји се меѓу првите 10, а Луксембург има убедливо најголем БДП по глава на жител – 109.602 долари. Следат Швајцарија и Ирска со 81.867 и 79.668 долари.
Првата неевропска земја на списокот е САД, на петтото место, со 63.051 долари по глава на жител.

Кои се 20 најсиромашни земји
Кога станува збор за најсиромашните земји, во првите 10 има шест африкански земји.

Фото: Pixabay/Printscreen Visual Capitalist











