Патики инспирирани од автомобил – соработка на Puma и Ferrari

110

Спортскиот бренд Puma и автомобилскиот Ferrari заеднички дизајнираа модел на патики инспириран од автомобилот

Патики инспирирани од автомобил – соработка на Puma и Ferrari

Спортскиот бренд Puma и автомобилскиот Ferrari заеднички дизајнираа модел на патики инспириран од автомобилот Ferrari SF90 Stradale.

Патиките го носат името Ferrari ION F и имаат линија што потсетува на моделот SF90 Stradale. На задниот дел се забележува нешто налик спојлер што е карактеристичен за италијанскиот суперавтомобил.

Патиките се дизајнирани во две бои, типичната црвена за Ferrari и црна.

Достапни се во одбрани продавници на Puma и Ferrari, како и онлајн по цена од околу 600 долари.

Фото: Puma