СЗО: Се прават планови да се произведуваат вакцини во Африка

36

Се прават планови за почеток на производство на вакцини против коронавирус во Африка, поради сè поголемата загриженост за нееднаквиот пристап до вакцини во текот на пандемијата.

Првиот центар за производство на mRNA вакцини ќе биде отворен во Јужна Африка со помош на конзорциум, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Во центарот ќе се обучуваат квалификувани работници за потребите на производството на вакцини.

“Ова се одлични вести, посебно за Африка, којашто има најслаб пристап до вакцини“, рекол првиот човек на СЗО, Тедрос Адханом Гебресиус.

Центарот би можел да ги произведе првите вакцини во рок од 12 месеци, доколку работите течат по планот.

Фото: Pexels