Во Велика Британија минатата година 7% од полнолетните граѓани инвестирале во криптовалути, додека 5% своите слободни пари ги вложиле во продукти на берзите, најчесто акции, покажуваат најновите истражувања.
Британските крипто инвеститори најчесто се мажи и помлади од 35 години, покажува статистиката. Повеќе од 70% од оние кои рекле дека купувале криптовалути, навеле дека оствариле профит, додека 12% загубиле. Во исто време, 17% од испитаниците рекле дека не знаат дали во своите крипто инвестиции добиле или загубиле.
Друго истражување на британскиот пазар покажало дека 52% од испитаниците изјавиле дека повеќе би сакале да инвестираат на берза или во традиционален имот како што е златото, одошто своите пари да ги инвестираат во криптовалути.
Фото: Pexels