Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во април oваа година, изнесува 28.438 денари, додека во бруто износ е 42.441 денар, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во април 2021 година, во однос на април 2020 година, е зголемена за 10,1%.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (28,6%), Финансиски дејности и дејности на осигурување (24%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (21,7%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4%), Уметност, забава и рекреација (3,7%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (2,9%).
Фото: Pexels