ДДВ за електрична енергија од први јули ќе биде 5%

125
Владата го усвои предлогот на Министерството за финансии за намалување на ДДВ за електрична енергија за домаќинства, напиша ресорниот министер, Фатмир Бесими на Facebook.
Според измените на Законот за данок на додадена вредност, ДДВ-то за електрична енергија се предлага да се намали и тоа:
– од 18 на 5% за период од први јули 2021 до 30 јуни 2022 и
– 10% за период од први јули 2022 до 30 јуни 2023 година
Целта, како што пишува Бесими, е да им се помогне на домаќинствата во транзитниот период на либерализација на пазарот на електрична енергија и да се одржи пониска цена на струјата.