Европската комисија соопшти дека даде одобрение на турскиот производител за бела техника, Arcelik за 78,3 милиони евра да ја преземе локалната подружница на американскиот производител на апарати за домаќинство Whirlpool Corporation.
Извршното тело на ЕУ смета дека предложената аквизиција нема да предизвика загриженост за конкуренција.
Arcelik, којшто го контролира турскиот индустриски конгломерат Koc Holding, на средината на мај потпиша договор за преземање. Станува збор за подружница што произведува уреди за разладување и машини за перење со ознаката Whirlpool.
Турската единица на Whirlpool вработува околу 1.000 лица и има годишен производен капацитет од 2,7 милиони единици.
Како дел од договорот, двете компании склучија тригодишен договор за доставување со којшто се предвидува продажба на производи што ќе се произведуваат во производни погони што Arcelik ќе ги купи на Whirlpool што работат во Европа.
Фото: Facebook