Бафет си заминува од фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс

65

Милијардерот Ворен Бафет ја напушта позицијата што ја имаше во фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, објави 90-годишниот инвеститор, пренесува CNN.

Во изјавата Бафет не ја прецизирал причината поради којашто ја напушта фондацијата, но напоменал дека поднес оставка во сите корпоративни одбори, освен во Berkshire Hathaway.

Бафет додал дека новиот претседател на фондацијата е Марк Сузман и тој е “извонреден избор“ и му ја дава неговата комплетна поддршка.

“Моите цели се 100% синхронизирани со оние на фондацијата, а моето физичко присуство на ниту еден начин не е потребно за постигнување на целите“, рекол Бафет.

Бафет и Бил Гејтс се блиски пријатели, а најавата за негово повлекување доаѓа околу еден месец откако Бил и Мелинда Гејтс најавија дека се разведуваат и по информациите за недоличното однесување на основачот на Microsoft од пред неколку децении.

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс е основана во 2000-та година, а се финансира од личното богатство на двојката, како и од поддршката на Бафет. Од моментот на основањето, фондацијата потрошила скоро 54 милијарди долари за поддршка на различни иницијативи поврзани со глобалното здравје, ублажување на сиромаштијата и во поново време, инвестирање во вакцини против коронавирусот.

Фото: Facebook