Подобрена бизнис климата во Германија

41

Бизнис климата во Германија е подобрена во јуни, достигнувајќи го највисокото ниво од ноември 2018 година. Тоа е најмногу поради оптимизмот меѓу бизнисмените за втората половина од годината.

“Германската економија излегува од рецесија“, рекол Клемес Фуст, претседател на Институтот за економски истражувања.

Канцеларката Ангела Меркел изјавила дека Германија е близу до фазата на силен економски раст.

Германската централна банка во јуни ги зголеми проценките за економски раст и сега очекуваат економијата да го достигне нивното од пред пандемијата веќе во следното тримесечје и оваа година да има пораст од 3,7%.

Прометот во малопродажба има раст сличен на оној од пред 30 години, со повторното обединување на Германија, а е поттикнат од ослободување на побарувачката што беше блокирана поради рестриктивните мерки против пандемијата.

Оптимизам владее и во угостителството, коешто е меѓу секторите што беа најтешко погодени во време на пандемијата и уште се соочува со потешкотии во работата.

Фото: Pexels