Geva – светска асоцијација на возачи на електрични возила

49

Основана е светска асоцијација на возачи на електрични возила под името Geva, во којашто има 28 национални здруженија од целиот свет. Главна цел на асоцијацијата е дополнително да се поттикне електричната мобилност.

Целта е е да се соберат најдобрите практики и информации од различни здруженија на возачи на електрични возила и нивните членови со за да можат да се информираат и да си помагаат за на крајот да ја поттикнат електричната мобилност во светот. Исто така, сакаат до 2030 година сите возила за достава да бидат електрични или хибридни.

Во последните неколку години во континуитет расте продажбата на електрични возила, голем број земји ја субвенционираат нивната потрошувачка, а се зголемува и свесноста за потребата од помало загадување.

Една од првите заеднички активности на глобалното здружение ќе биде учество на конференција на Обединетите нации за климатски промени што треба да се одржи во Глазгов во ноември оваа година.

Фото: Pexels