Забраната за отпуштања завршува: Нова опасност ѝ се заканува на Европа

115

Забраната за отпуштање на работници во Италија, воведена поради кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19, истекува на 31 јуни, а синдикатите бараат забраната за отпуштање да се продолжи најмалку до октомври.

Работниците и синдикатите се во состојба на готовност, а низ Италија се одржуваат протести, бидејќи се стравува дека илјадници работници ќе останат без работа по завршувањето на забраната за отказ.

Работодавачите, од своја страна, ја критикуваа забраната за отпуштања затоа што велат дека компаниите можат многу бавно да се реорганизираат за да ја повратат конкурентноста на пазарот.

Фото: Pixabay