Шкотска ќе гради објект за “фаќање“ на јаглерод диоксид од воздухот

85

Во североисточна Шкотска се планира изградба на објект за отстранување на големи количини на јаглерод диоксид, пишува BBC.

Предложениот објект може да отстрани до милион тони јаглерод диоксид секоја година што е иста количина којашто 40 милиони дрвја можат да ја отстранат.

Извлечениот јаглерод диоксид може трајно да се чува длабоко под морското дно во близина на шкотскиот брег. Сепак, критичарите велат дека оваа технологија не е магичен лек за климатските промени.

Објектот за директно “фаќање“ воздух (DAC- Direct Air Capture) е заеднички проект на британската компанија Storegga и канадската компанија Carbon Engineering.

Проектот е во многу рана фаза на развој. Веќе е спроведена студија за изводливост и ако сè оди добро, објектот треба да биде оперативен до 2026 година.

Од Storegga велат дека ќе бидат отворени до 300 нови работни места за време на фазата на изградба.

Сепак, постојат голем број пречки, вклучувајќи планирање и финансирање, а точната локација на објектот ќе биде избрана до следната година. Ако сè се одвива според планот, тоа ќе биде најголемиот DAC-погон во Европа, а во зависност од конечната конфигурација, може да биде најголем во светот.

Фото: YouTube Printscreen