Во време на ниски каматни стапки, многу луѓе бараат алтернативни начини за инвестирање со надеж дека ќе добијат поголема вредност.
Вообичаените економски пазарни законитости важат и за пазарот на автограми, колку е поредок производот, толку и неговата вредност е поголема. На пример, пет или шестцифрени износи во евра може да достигнат автентични автограми, кои ги потпишале членови на британскиот бенд Битли, Џон Ленон, Џорџ Харисон, Пол Макартни и Ринго Стар.
Голема цена достигнуваат и рачни автограми на познати ликови како што се Алберт Ајнштајн, Чарлс Дарвин или Џорџ Хегел.
Доколку авторот на автограмот е познат, но починат, тука и вредноста е поголема. Некои експерти наведуваат дека автограм на Џејмс Дин, во споредба на оној на Том Круз, достигнува цена од 50 до 60 пати повисока, бидејќи Дин повеќе не е меѓу живите, па неговиот личен потпис е раритет.
Фото: Pixabay