Nike со рекордна добивка во последните 50 години

96

Спортскиот бренд Nike регистрираше рекордна тримесечна добивка од над 12 милијарди долари, што се случува првпат за 50 години. Причина за големиот раст е зголемената побарувачка за патики и спортска облека во САД оваа пролет, пренесува Wall Street Journal.

Приходите за кварталот што заврши во мај, скоро се двојно зголемени на 12,34 милијарди долари од 6,31 милијарда долари, колку што имаше истиот период лани. Продажбата преку интернет е зголемена за 73% и достигна 4,5 милијарди долари.

Цените на акциите на компанијата пораснаа за 12% откако приходите и добивката на Nike ги надмина очекувањата на експертите. Нето добивката на Nike достигна 1,5 милијарди долари, во однос на нето загубата од 790 милиони долари во истото тримесечје лани.

Во текот на пандемијата многу професионални спортисти не беа во можност да тренираат, а беа затворени и многу физички продавници, но единствено се потпираа на интернет продажбата.

Фото: Pexels