Како да извадите сертификат ако сте прележале Ковид-19?

130

Граѓаните за патување во странство може да извадат и сертификат доколку прележале Ковид-19. Оваа можност од вчера, како што напиша министерот за здравство, Венко Филипче, ја нуди системот Мој Термин.

“Сертификатот се издава за сите лица кои во последните девет месеци биле позитивни на коронавирус и се регистрирани како позитивни случаи во Националниот систем“, напиша Филипче на Facebook.

Сертификатот може да се преземе кај матичниот лекар или со најава на страницата vakcinacija.mk.

Фото: Pexels