Според извештајот на германското министерство за финансии, минатата година во најголемата економија на ЕУ се затаени 1,25 милијарди евра данок. Но, уште позагрижувачко е што овој тренд има нагорна траекторија.
Износот на вкупниот затаен данок е утврден врз основа на пресудите и кривичното гонење на финансиските власти. Тоа е далеку повеќе отколку во 2019 година, кога беа затаени 745 милиони евра.
Во вкупно 7.153 случаи веќе постои судска пресуда за затајување данок, а вкупниот износ на изречените казни достигна 44,9 милиони евра.
Фото: Pixabay