Париз отстранува 140.000 паркинг места за да посади дрвја

293

Управата на Париз донесе одлука да отстрани 140.000 паркинг места и да се засадат дрвја во таа област, бидејќи тие сакаат да го направат градот позелен и попријатен за живеење.

Според првобитните планови, требало да се отстранат 70.000 паркинг места, со цел да се ослободи простор, посебно во тесните и станбени улици. Сето тоа е планирано со цел да се зголеми користењето на еколошки прифатлив превоз.

“Мора да садиме зеленило за да се прилагодиме на забрзаните климатски промени. Сакаме воздухот да биде почист, но и да им овозможиме на нашите сограѓани убав јавен простор, бидејќи многумина живеат во мали станови“, изјави заменк градоначалникот на Париз, Давид Белиард.

Поради новиот план, Елисејските полиња ќе станат урбана градина. Сите места кои биле предвидени за автомобили, ќе станат зелени површини, а граѓаните ќе можат да се вклучат и да даваат предлози за тоа како сакаат да изгледа овој простор.

Фото: Pixabay