Извозот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) минатата година достигна вредност од 146,2 милијарди долари, што е пад од 53,7% во споредба со 2019 година.
Меѓу производите што лани најмногу се извезуваа од ОАЕ се: сирова нафта (32,7%), злато (18%), обработени нафтени деривати (12,2%), дијаманти (4,3%), нафтен гас (4%), алуминиум (3%) и накит (2,3%).
Според податоците на World’s top exports, 49,4% од извозот на ОАЕ беше насочен кон: Саудиска Арабија (9,7%), Индија (5,7%), Ирак (5%), Оман (4,6%), Иран (4,6%), Швајцарија (4,2%), Кувајт (3,7%), Хонгконг (2,8%), САД (2,8%), Кина (2,3%), Белгија (2%) и Бахреин (2%).
Во ОАЕ живеат 9,7 милиони лица, па извозот по глава жител изнесува 32.700 долари.
Фото: Pexels