Земји со најмногу корисници на паметни телефони

58

Паметните телефони се неизбежен дел од секојдневието на огромен број луѓе низ светот.

Со популација од 1,44 милијарди жители, Кина е најбројна нација во светот, но и лидер кога се работи за корисници на паметни телефони. Кина, според податоците на платформата Newzoo, има 911,92 милиони или 63,4% од вкупната популација на населението.

На второ место е Индија со 1,38 милиони жители од кои 31,8% или 439,42 милиони имаат паметни телефони. Зад нив се САД со популација од 331 милион жители од кои 81,6% или 270 милиони лица имаат паметен телефон.

Меѓу 10-те земји со најголем број корисници на паметни мобилни телефони се и: Индонезија (270 милиони жители), Бразил (109), Русија (99,9 милиони жители), Јапонија (75,7 милиони), Мексико (70 милиони жители), Германија (65,2 милиони) и Виетнам (61,3 милиони жители).

Фото: Pexels