Застој во преговорите на водечките производители ја спушти цената на нафтата под 76 долари

53

Цените на нафтата на меѓународните пазари се намалија под 76 долари за барел поради застој во преговорите на водечките производители за зголемување на снабдувањето што би требало да обезбеди поволни услови за закрепнување на светската економија.

На лондонскиот пазар, цената на барел се намали на 29 центи и со тоа достигна 75,55 долари, а во скоро ист износ поевтини барел нафта и на американскиот пазар, каде се тргуваше по цена од 74,95 долари.

Трговците беа охрабрени од тврдењата дека е планирано зголемување на производството од август до декември за два само два милиони барели дневно, помалку од она што се очекувало.

Во план е продолжување на актуелниот договор за ограничување на производството до крајот на следната година, за осум месеци.

Фото: Pexels