Хрватска и Италија обновија спор околу вино

72

Хрватска и Италија го обновија спорот околу виното прошек или просеко, при што Италија настојува по вторпат да ги блокира напорите на Хрватска од Европската унија да добие специјално признание за своето десертно вино.

Италија во 2013 година успешно аргументираше дека името прошек е премногу слично на италијанскиот назив просеко, пренесува Гардијан.

Хрватските винари потоа застанаа во одбрана на своето со векови старо десертно вино, прошек.

Италија соопшти дека по секоја цена ќе го брани виното, откако Хрватска аплицираше до Европската комисија да добие специјално признание за прошек.

Претседателот на италијанската покраина Венето, Лука Заја рекол дека просекото “мора да се брани на секое ниво“.

Фото: Pexels