Најголемата суперјахта на светот наскоро ќе стане реалност, а во себе ќе содржи 39 апартмани по почетна цена од 11 милиони долари.
Суперјахтата е наречена Somnio, а истата треба да биде најголемата јахта на светот и по должина и по простор, а во 2024 година ќе биде завршена, пренесува CNN.
Суперјахтата Somnio, што на латински јазик значи “да сонуваш“, ја креирале компаниите Winch Design и Tillberg Design од Шведска, а треба да ја конструира норвешки дизајнер и градител на бродовите Vard по цена од околу 600 милиони долари.
Гигантското пловило ќе биде опремено со 39 апартмани на шест катови, а ќе поседува и ресторани и барови.
Меѓутоа, постапката за купување е “само преку повик или препорака“, а почетната цена на апартманите е над 11 милиони долари.
Портпаролот на проектот за CNN Travel потврдил дека некои од апартманите на јахтата се веќе продадени.
Идентитетот на сопственикот ќе се држи во тајност, а дека секој од 39-те апартмани ќе содржи “посебни функции“ по желба на купувачот.
Секој од 39-те апартмани ќе има пристап до теретана, библиотека и има бројни затворени и надворешни простори наменети за прошетка, уживање и рекреација.
“Somnio ќе биде единствената суперјахта за домување во светот“, изјавил капетанот на јахтата Ерик Бреде.
Фото: Facebook