Египет од туризам заработи околу четири милијарди долари за шест месеци

117

Приходите на Египет од туризам се движат меѓу 3,5 и четири милијарди долари во текот на првата половина од годината, соопшти заменичката на египетскиот министер за туризам, Гада Шалаби, пренесува Ројтерс.

Од јануари до јуни оваа година, арапската земја позната позната по туризмот, ја посетиле околу 3,5 милиони странски гости.

Минатата година, приходите од туризмот, поради пандемијата, се намалија за околу 70% на околу четири милијарди долари во однос на 13,3 милијарди долари во 2019 година.

“Очекуваме пораст на бројот на туристи во следниот период за 45 до 60% во однос на минатата година“, додала Шалаби.

Според проценките, просечната потрошувачка на туристите по ноќевање е околу 95 долари.

Приходите од туризам се важен извор на девизи на Египет, а оваа индустрија во нормални околности учествува со 15% во бруто домашниот производ на земјата.

Фото: Pixabay