Германија е најголем извозник во ЕУ, на која позиција е Македонија?

56

Германија е прва, а Македонија е 33-та кога станува збор за извоз на Стариот континент. Извозот на сите европски земји минатата година достигна ниво од 6.549 милијарди долари или 7,6% помалку одошто во 2019 година. Извозот на земјава лани се позиционираше на 6.633.216.000 долари, што е пад од 7,7% во споредба со 2019 година

Според податоците на World’s top exports, петте најголеми извозници во Европа (Германија, Холандија, Италија, Франција и Белгија) продадоа 50,7% од производите на меѓународни пазари во 2020 година.

Извозот на Германија минатата година изнесуваше 1.377.863.429.000 долари или 7,3% помалку во споредба со 2019 година. Вредноста на извозот на петте најголеми извознив во Европа лани беше: Холандија (551.597.804.000 долари или -4,4% во однос на 2019-та), Италија (495.976.960.000 долари или -7,8% во споредба со една година претходно), Франција (475.071.675.000 долари или -14,4% во однос на 2019-та) и Белгија (419.473.855.000 долари или -6,1%).

Од земјите во регионот најголем извозник е Словенија со 37.417.094.000 долари или само 0,3% помалку во споредба со 2019 година. Потоа следат: Грција (35.070.462.000 долари), Бугарија (31.872.938.000 долари), Србија (19.384.734.000 долари), Хрватска (16.965.387.000 долари), Босна и Херцеговина (6.148.985.000 долари), Албанија (2.477.847.000 долари), Црна Гора (409.846.000 долари).

Фото: Pixabay