Од хрватската компанија за производство на електрични автомобили, Rimac Automobili на Facebook го најавија “следниот пресврт во историјата на компанијата. Претставувањето е закажано за денеска во 20 часот по хрватско време.
“Што е следно? Ние во Rimac никогаш не се одмараме. По неодамнешното лансирање на Nevera, ја најавуваме следната голема пресвртница во историјата на нашата компанија. Придружете ни се во ова и следете го преносот во живо на 5 јули во 20 часот“, стои во најавата на Rimac Automobil.
Инаку, на почетокот на минатиот месец, Rimac ја претстави на верзијата за сериско производство на моделот C_Two, чие име е Nevera. По долги подготовки и исцрпни тестирања, Rimac го обелодени конечниот изглед на својот супер спортист на електричен погон, поставувајќи нови стандарди во сегментот. Nevera на хрватски го означува името за неочекувана и моќна медитеранска бура, што сосема му прилега на новиот автомобил на Rimac. Во споредба со концептот, новиот Rimac Nevera се одликува со широк опсег на промени на каросеријата и аеродинамичките елементи, со што добива 34% подобра аеродинамична ефикасност.
Фото: Facebook