Бензините поскапуваат за половина денар, додека цената на дизелот останува иста и оваа недела, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 71,50 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 73,50 денари за еден литар.
Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V), не се менува и останува на исто ниво и ќе изнесува 63 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,567 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.06.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 37,719 ден/кг.
Фото: Pexels