Најдобри градови за работа од далечина

34

Австралискиот град Мелбурн е најдобар град во светот за работа од далечина, покажуваат податоците на платформата Nestpick.

Мелбурн доби високи оценки поради повеќе фактори, меѓу кои се безбедност, здравствена заштита, култура, инфраструктура за работа од далечина и слично.

Меѓу градовите во светот што се најдобри за работа од далечина, како што пренесува CNBC, се и: Загреб, Прага, Лисабон, Рејкјавик, Талин, Атина, Сиднеј, Дубаи и Мексико Сити.

Градовите беа оценувани во три категории: трошоци и инфраструктура, легислатива и слобода, како и услови за живот. Во категоријата на трошоци и инфраструктура, на пример, во анализата се земени предвид цените и достапноста на адекватен простор за работа од дома.

Во случајот со Мелбурн, просечната наемнина на апартман со една спална соба бил 681 евро месечно. За споредба, Сан Франциско ги има највисоките цени за изнајмување домашна канцеларија и тоа во висина од 1.736 евра месечно, додека најниска цена има во Рио де Жaнеиро со само 119 евра месечнo.

Фото: Pexels