Колку ќе тежи пазарот на чоколадо за седум години

Денеска, седми јули, се одбележува Светскиот ден на чоколадото, омилен десерт на многу луѓе.

Во светот, овој ден се нарекува и Chocolate Day, а седми јули се зема за датум, бидејќи тогаш чоколадото влезе во Европа на голема врата, околу 1550 година.

Постои и Национален ден на чоколадото што го слават САД, на 28 октомври. Ова слатко задоволство се очекува на глобалниот пазар да вреди неверојатни 200,4 милијарди долари до 2028 година.

Пазарот на чоколадо не престанува да расте: во 2020 година тој беше “тежок“ 138,5 милијарди долари, што сугерира дека ќе се зголеми за 4,8% за седум години (земајќи го периодот од 2021 до 2028 година).

Еден од најзначајните трендови што позитивно влијае на растот на пазарот на чоколадо е импулсивното однесување на потрошувачите. Производи од чоколадо, поставени на продажни места во стоковни куќи, трговски центри и супермаркети, го привлекуваат вниманието на потрошувачите кои чекаат на ред и донесуваат импулсивна одлука за купување чоколадо.

Производителите користат привлечни бои и дизајни на пакување за да привлечат потрошувачи и да ги убедат да купат чоколадо. Секторот за храна, кој вклучува колачи, пити, сладолед и слични производи, го користи чоколадото како примарна состојка. Консумирањето на чоколадо, во умерени количини, е откриено дека го зајакнува серотонинот, кој го смирува мозокот и помага како антидепресив. Исто така, го крева расположението со ослободување на ендорфин во телото.

Фото: Freepik