Цените на нафтата на меѓународните пазари се намалија на 73 долари за барел бидејќи трговците стравуваат од откажување на разговорите на водечките производители за зголемување на производството што би можело да доведе до раскинување на спогодбата за контрола на снабдувањето.
На лондонскиот пазар цената на барел нафта се намали за 23 центи на 73,20 долари, а на американскиот пазар барелот поевтини за 33 центи и се тргуваше по 71,87 долари.
Трговците ги вознемири откажување на состанокот на производителите на којшто требало да стане збор за зголемување на производството од август до крајот на годината.
Саудиска Арабија и Русија предложија производството да се зголеми за два милиони барели дневно, а Обединетите Арапски Емирати најде замерка за предлогот постоечкиот договор за ограничено производство да се продолжи за осум месеци, до крајот на следната година.
Фото: Pixabay