Над 4,2 милиони долари од извоз на млеко во 2020 година

50

Македонија во текот на минатата година извезе млеко во вредност од 4.225.000 долари, што е за 41,3% повеќе од однос на последните пет години.

На глобално ниво, извозот на млеко во пандемиската 2020 година беше 29,1 милијарда долари што е за 23,9% повеќе во однос на последните пет години, кога во 2016 година беше на ниво од 23,4 милијарди долари. Во однос на 2019 година, извозот на млеко во светот лани беше намален за 0,9%.

Петте најголеми извозници на млеко во светот (Нов Зеланд, Германија, САД, Холандија и Франција) покрија 54% од глобалната достава на млеко на меѓународните пазари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Нов Зеланд има најголем удел со 22,4% и заработка од 6,5 милијарди долари. На петте најголеми извозници на млеко во светот, приходите лани им беа: Германија (2,9 милијарди долари), САД (2,3 милијарди долари), Холандија (2,2 милијарди долари) и Франција (1,8 милијарди долари).

Од земјите во регионот, Словенија е најголем извозник на млеко со 134,9 милиони долари. По нејзе следат: Босна и Херцеговина (40,5 милиони долари), Грција (20,3 милиони долари), Србија (18,6 милиони долари), Хрватска (17,8 милиони долари) и Бугарија (11,2 милиони долари).

Фото: Pexels