Продажбата на автомобили во Кина во јуни се намали за 12,4% во однос на истиот период лани, а како причина за тоа се наведува глобалниот недостиг на чипови.
Автомобилските компании ширум свет беа принудено да го намалат производството поради недостиг од чипови чии производители тешко држат чекор со силната побарувачка во период на закрепнување на економиите од последиците што ги остави пандемијата.
Во Кина во јуни се продадени 2,02 милиони возила, што е за 12,4% помалку во истиот период лани.
Во првите шест месеци од оваа година се продадени 12,89 милиони возила, што е за четвртина повеќе одошто во истиот период лани кога продажбата беше скоро стопирана поради рестриктивните мерки.
Глобалниот недостиг на чипови го погодија производството во Кина во јуни, но со оглед на општото закрепнување прогнозите се умерено оптимистични за следниот период.
Фото: Pexels