Увозот на Кина лани намален за 0,6%

35

Кина во текот на минатата година увезе производи во вредност од 2.056 милијарди долари од целиот свет, што е за 29,4% повеќе во споредба со 2016 година, но и пад од 0,6% во однос на 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, 56,3% од увозот на Кина беше од азиските земји, додека европските учествуваа со 18%.

Микрочиповите имаат најголема вредност меѓу увезените производи во Кина, достигнувајќи 350,8 милијарди долари во 2020 година или 14,7% повеќе во однос на 2019 година. Втор највреден увезуван производ е сировата нафта со 176,3 милијарди долари, додека на трето место железната руда со 118,9 милијарди долари.

Меѓу петте најувезувани производи се и автомобилите со 44,9 милијарди долари и телефонски уреди вклучувајќи и паметни телефони со 43,5 милијарди долари.

Фото: Pexels