Од полноќ бензините поскапуваат за половина денар, додека непроменета останува цената на дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 72 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се точи по 74 денари за литар.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува 63 денари за литар, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и оваа недела ќе се продава по изнесува 63 денари за литар, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 37,719 ден/кг.
Фото: Pexels