Британската полиција заплени рекордни 294 милиони фунти во криптовалути

57

Британската полиција заплени рекордни 294 милиони фунти (344 милиони евра) во криптовалути во рамки на истрага за перење пари на криминални групи коишто се фокусирале на криптовалути.

Лондонската полиција објави дека запленила 180 милиони фунти (210 милиони евра), три недели откако заплени 114 милиони фунти (133 милиони евра) во засега непознати криптовалути.

“Парите и понатаму се крал во светот на криминалот, но со развој на дигиталните платформи сè повеќе гледаме дека криминалците користат криптовалути за да ги исперат своите ‘валкани’ пари“, рекол заменик шефот на лондонската полиција, Грахам МекНалти.

Во рамки на истрагата е уапсена 39-годишна жена.

Со оглед на тоа што криптовалутите се анонимни и по својата природа глобални, некои од најголемите групи на организиран криминал во светот ги користат за да ги “исперат“ парите и се чекор пред полицијата и даночните власти.

Фото: Pexels