Цените на нафтата на меѓународните пазари се придвижија кон 76 долари за барел, поради намаленото снабдување и очекувањата за пад на залихите во САД и на светско ниво.
Во фокус на трговците се залихите во САД и во светот, со оглед на зголемената побарувачка во време на летните одмори и укинување на рестриктивните мерки.
Аналитичарите проценуваат дека залихите на сирова нафта во САД минатата недела се намалија осма недела по ред.
Залихите на сирова нафта се намалуваат неколку недели по ред, а на американскиот пазар пред некое време паднаа на најниско ниво од февруари 2020 година.