Првиот човек на AstraZeneca си купи луксузна вила од осум милиони долари

142

Генералниот директор на AstraZeneca, Паскал Сориот си купил луксузна вила од осум милиони долари во кварт во Сиднеј, што е познат како австралиски Беверли Хилс.

Куќата е купена од инвеститорот за недвижнини, Фил Арнолд, кој бил сопственик на имотот од 2005-та година, а го купил за 3,95 милиони долари.

Неговата директорска плата е околу 27,5 милиони долари, па многу често се зборувало дека петтата најголема фармацевтска компанија во светот му дава преголема плата на својот директор, па 61-годишниот Сориот во своја одбрана рекол дека има најниска плата од сите директори во неговата бранша.

Инаку, Сориот има двојно државјанство и француско и австралиско. Од Австралија се отселил во 1990-та година, а таму денес живеат неговите деца и внуци. Во март оваа година, за австралиските медиуми изјавил дека се залагал вакцината да се произведува во Австралија бидејќи сака да обезбеди стратешка независност на земјата.

Фото: Pexels