Странските директни инвестиции во кинеската економија во првата половина од годината достигнаа 90,96 милијарди долари, што е за 34% повеќе во однос на истиот период лани, објави кинеското министерство за трговија.
Услужниот сектор привлекол најголем износ на странски директни инвестиции од 75 милијарди долари, што е за 33,4% повеќе во однос на минатата година.
Значаен пораст на странските директни инвестиции е остварен во високотехнолошки индустриски дејности и тоа за 39,4%.
Во текот на минатата година, Кина привлече странски директни инвестиции во вредност од 144,4 милијарди долари, што е за 4,5% повеќе во однос на 2019 година.
Фото: Pexels