Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јуни 2021 година е зголемен за 0,2 процентни поени во однос на мај 2021 година и изнесува 15.0, а во однос на јуни 2020 година е зголемен за 2,8 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јуни 2021, во однос на мај 2021 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понeповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јуни 2021 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна во однос на јуни 2020 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни 2021 година изнесува 71,1% од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20,7%, неизвесното економско опкружување со 14,9%, недостигот на квалификувана работна сила со 16,6% и недоволната домашна побарувачка со 15,2%.
Фото: Pixabay