Меган Маркл подготвува анимирана детска серија за стриминг платформата Netflix и ќе биде нејзин извршен продуцент.
Archewell Productions, компанија што ја основаше Меган со нејзиниот сопруг, принцот Хари, соопшти дека главниот лик во серијата ќе биде 12-годишно девојче и нејзините авантури, поттикнати од влијателни жени од историјата.
Серијата ќе го носи името Pearl, а ќе биде една од првите коишто ги најавија Netflix и британската двојка. Договорот го постигнаа минатата година откако ги напуштија сите кралски должности и се преселија во Калифорнија.
“Како и многу девојчиња на нејзина возраст, нашата хероина Перл е на пат на самооткривање додека се обидува да ги совлада секојдневните животни предизвици“, рекла Меган.
Фото: Facebook