Облека и рекети на Федерер продадени за скоро четири милиони евра

68

Еден од најдобрите тенисери во светот, Швајцарецот Роџер Федерер собра скоро четири милиони евра на аукција од својата спортска облека и опрема. Аукцијата беше организирана во аукциската куќа Christie.

Целиот приход од продажбата ќе го донира во фондацијата што го носи неговот име, а којашто финансира образовни проекти за деца во Јужна Африка и Швајцарија.

Продажбата донесе вкупно 3,98 милиони евра, што е скоро четири пати повеќе од првично предвидениот износ.

Меѓу предметите што се најдоа на аукција беше и рекетот со којшто Федерер ја освои титулата на Вимблдон во 2007-ма година, како и патиките со коишто го освои Ролан Гарос во 2009-та година.

Највисока цена постигнаа три рекети со коишто Федерер играше на Вимблдон во 2019-та година, а е се продадени за 162.500 фунти.

Фото: Facebook