За над 38% земјава го зголеми извозот на мотоцикли

94

Македонија во текот на минатата година извезе мотоцикли во вредност од 259.000 долари, што е за 38,5% повеќе во однос на 2019 година.

Во светот извозот на мотоцикли лани достигна вредност од 30,4 милијарди долари, што е за 4,3% повеќе во споредба со 2019 година.

Кина е лидер во светот со извоз од 8,6 милијарди долари, што е 28,3% од вкупниот извоз. Меѓу петте најголеми извозници на мотоцикли во светот се и: Германија (2,87 милијарди долари), Јапонија (2,1 милијарда долари), Тајланд (две милијарди долари), и Индија (1,8 милијарди долари).

Од земјите во регионот, Бугарија беше најголем извозник со 311,7 милиони долари. Потоа следат: Словенија (18,9 милиони долари), Хрватска (10 милиони долари), Грција (9,5 милиони долари) и Србија (6,5 милиони долари).

Фото: Pixabay