Цените на нафтата на меѓународните пазари се движеа околу 74 долари за барел под влијание на договорот на водечките производители за зголемување на производството и раст на залихите во САД.
На лондонскиот пазар цената на барел се намали за 1,11 долари на 73,65 долари. На американскиот пазар барелот поевтини за 1,21 долар и се тргуваше по цена од 71,92 долари.
Цените на барел нафта се намали по веста дека Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати постигнаа компромис што би требало да отвори пат за договор околу испорака на поголема количина на нафта.
Фото: Pixabay